Подготовка на пациенти

Бидејќи голем дел од лабораториски анализи се стандардизирани според испитување на крв на гладно, се препорачува пациентот пред вадење крв (венепункција) да биде гладен 10- 14 часа. Можни се исклучоци за одредени анализи во консултација со лабораторијата.

Доколку се одредуваат масти пациентот треба да биде гладен минимум 16 часа (во тој период може да се пие само вода).

Сите лекови и додатоци во исхраната треба да се прекинат 48 часа пред вадење крв (ова не се однесува на лековите кои пациентот редовно ги прима како хронична терапија). При вадењето крв информирајте го лаборантот за терапијата која редовно ја пиете, како на пример хормонски заместители, препарати со железо и сл.
За пациенти кои примаат орална антикоагулантна терапија се препорачува земање на крв наутро пред земањето на лекот.

Пред вадење на крв избегнувајте интензивна телесна активност и консумација на алкохол, минимум 48 часа.

Рано наутро кога се вади крв не јадете ништо и пијте доволно вода за да се олесни вадењето на крв за анализи.

За сите дополнителни прашања во врска со подготовка и сите прашања во врска со анализите ви стоиме на располагање на наведените телефонски броеви .